Кинескиот милијардер, одгледувач на свињи и земјоделски магнат, Сун Дави, по неколкунеделни тајни сослушувања, е осуден на 18 години затвор и изречена му е парична казна од 345.000 фунти, поради повеќе кривични дела, вклучувајќи и “предизвикување неволја“.
Суд во близина на Пекинг наведува дека Сун е осуден за кривични дела како што се “собирање групи луѓе за напад на државни органи“, “пречење во работата на владата“ и “предизвикување спорови и предизвикување неволја“, што се воопштени термини што често се користат против активисти за човекови права и неистомисленици, пренесува британскиот весник Гардијан.
Фото: Pexels