Кинески производител на автомобили прави сопствен телефон

63

Станува сè повообичаено производителите на автомобили во Кина да прават свои мобилни телефони – минатата година тоа го направи Nio, наскоро ќе го направи Polestar, а на ред е друга марка.

Брендот Hongqi, кој е во сопственост на кинеската групација FAW, планира да биде партнер со снабдувачот на делови Ecarx, компанија поддржана од Geely.

Како што најавија, ќе направат телефон кој ќе го има логото Hongqij, а треба да нуди високи перформанси.

Исто како Nio и Polestar, главната продажна точка ќе биде подобрата интеграција помеѓу Hongqi телефоните и автомобилите од истата марка. Во официјалното соопштение се наведува „крајното искуство на поврзана паметна интеракција“.

Hongqi е премиум EV дивизија на кинеската FAW, која продаде 85.000 автомобили во 2023 година. Ова претставува зголемување од 135% во однос на 2022 година.