Кинески сад продаден за рекордни 9,5 милиони долари

13

red-Chinese-bowl-468x350

Редок црвен “лотус” сад од периодот на кинескиот император Kangxi (1662-1722) е продаден за неверојатна цена од 9,5 милиони долари на аукција во Хонг Конг.

Високата цена постави нов светски рекорд за кинески порцелан, откако реткиот сад беше купен од страна на колекционер на керамика од Хонг Конг, во понеделникот на аукција која се одржа во најголемата аукциска куќа Sotheby’s.

Керамичкиот сад со рубин црвено дно, декориран со жолти, розеви и сини лотусови цветови, првично се очекуваше да достигне цена од 9 милиони долари, на шестдневната аукција во Хонг Конг.

Chinese-bowl-Sothebys-468x290

Аукционерот изјави дека овој сад го урна преходниот светски рекорд на продадена керамика од Qing Kangxi династијата, во 2006, кога сино-бела Dragon вазна беше продадена за 2,9 милион долари.