Кинески совети за работа од дома

58

Кина, којашто е седиште на голем број светски компании, дава совети за сите оние компании коишто се префрлаат на работа од дома, поради пандемијата од коронавирусот.

Кина, којашто прва ги почувствува последиците од пандемијата, нуди совети за оние кои сега почнуваат да ја прифаќаат оваа промена, наведува компанијата Mс Kinsey.

Околу 200 милиони луѓе во Кина работеле од дома, со цел да се ублажи ширењето на заразата и да се намалат штетните последици. Иако овој начин на работа има многу предности, како што е избегнување на патување со други луѓе, многумина сметаат дека таквиот начин на работи носи и свои предизвици.

Работата од дома може да ја зголеми продуктивноста, но ако лошо се имплементира, може да значи поголема неефикасност, уништување на работните односи и демотивирање на вработените. На кратко, овие совети доаѓаат од искуството на Кинезите:

Ефикасна структура

Целта е да се воспостават мали и мултифункционални тимови на коишто ќе им бидат дадени јасни цели, коишто заеднички ќе ги остваруваат. На пример, голема осигурителна компанија од Кина ги групира вработените во проектни тимови од најмногу 30 членови, додека поголемите деловни единици се поделени така да можат да им помогнат на останат.

Лидерство од далечина

Управување со луѓето е еден од најтешките елементи кога станува збор за работа од дома, посебно затоа што секој различно реагира на тој начин на работа. Лидерите се тие кои мораат да ја активираат целата компанија, преку поставување на јасни цели со помош на ефикасна комуникација.

Покажување емпатија кон секој вработен

Емпатијата е клучно средство кога станува збор за поврзување и создавање чувство на припадност кон заедницата. Зголемената социјална интеракција во рамки на тимот, штити од чувство на изолација и деморализација, а создава и простор луѓето да разговараат и да ги споделуваат своите мислења и искуства. На тој начин се создава психолошка поддршка за колегите. Целта е поврзување на лично ниво и поттикнување на емпатија, што е двојно важно кога се работи од дома.

Создавање нова рутина

Преминот на работа од дома се разликува од работата во канцеларија, но тоа не треба да го наруши ритамот на извршување на обврските. Само со воспоставување на цврсти норми за работа, ќе може со голема леснотија да се завршат сите обврски.

Користење на благодетите од технологијата

Ефикасната работа од дома значи брза и безбедна интернет врска, како и поставување на ред во домот. Многу кинески компании почнале да применуваат локални решенија за продуктивност за да може да комуницираат и да одржуваат неделни состаноци, обуки и предавања. Употребата на технологиите може да биде од витално значење, но важно е да се искористат на соодветен начин.

Фото: Pixabay