Двајца кинески студенти, кои студирале во САД, се обвинети за измама со илјадници iPhone телефони коишто ги праќале на “поправка“ во компанијата, а за возврат добивале оригинален производ.
Според обвинението, Apple добиле 3.069 нефункционални телефони, а од нив 1.493 биле заменети со нови. За останатите се констатирало дека се фалсификат, пишува BBC.
Лажните iPhone телефони биле увезени од Кина, а нивните оригинални замени потоа биле вратени и продавани во земјата.
Според пресметките на Apple, оваа измама ги чинела 895.800 долари, а кај едниот од студентите биле пронајдени и дополнителни 300 лажни уреди.
Тие се обвинети за тргување со фалсификувана стока и за поднесување на лажни информации во извозната документација.
Фото: Pixabay