Кинески студенти обвинети за измама со iPhone телефони од околу еден милион долари

22

Двајца кинески студенти, кои студирале во САД, се обвинети за измама со илјадници iPhone телефони коишто ги праќале на “поправка“ во компанијата, а за возврат добивале оригинален производ.

Според обвинението, Apple добиле 3.069 нефункционални телефони, а од нив 1.493 биле заменети со нови. За останатите се констатирало дека се фалсификат, пишува BBC.

Лажните iPhone телефони биле увезени од Кина, а нивните оригинални замени потоа биле вратени и продавани во земјата.

Според пресметките на Apple, оваа измама ги чинела 895.800 долари, а кај едниот од студентите биле пронајдени и дополнителни 300 лажни уреди.

Тие се обвинети за тргување со фалсификувана стока и за поднесување на лажни информации во извозната документација.

Фото: Pixabay