Кинески телекомуникациски гигант ја гради првата фабрика во Европа

109

Кинескиот телекомуникациски гигант, Huawei ја гради првата европска фабрика во Франција, каде што ќе се произведуваат базни станици, пренесува Reuters.

Huawei планира да инвестира 200 милиони евра во првата фаза од изградбата на оваа фабрика, во којашто работа ќе добијат 500 лица.

Кинеската компанија е во центарот на геополитичката војна меѓу САД и Кина околу следната генерација на мобилен интернет, односно 5G мрежата.

Фото: Pixabay