Кинескиот БДП се зголеми за 7,9% во вториот квартал

36

Кина во вториот квартал од оваа година забележа нешто понизок раст на бруто домашниот производ (БДП) на годишно ниво од очекуваното, додека прометот во трговијата на мало и индустриското производство ги надминаа очекувањата на економистите.

Кинескиот БДП се зголеми за 7,9% во второто тримесечје на годишно ниво, а на квартална основа за 1,3%.

Кина го продолжува стабилното економско закрепнување, но и понатаму постои загриженост поради глобално ширење на пандемијата и неурамнотежениот регионален развој во земјата, пренесува CNBC.

Фото: Pixabay