
Кинескиот производител на електрични возила BYD во средата додаде масло на огнот на бруталната ценовна војна во Кина намалувајќи ја цената на својот најевтин автомобил, Seagull, за 5%. Цените на Seagull-, компактен автомобил, сега почнуваат од 69.800 јуани (9.700 долари) или 8.873 евра.
BYD стана немилосрдна во ценовната војна што Tesla (TSLA.O) ја започна на најголемиот светски автомобилски пазар минатата година.
Таа агресивна позиција ѝ помогна да го симне американскиот ривал од тронот како најголем продавач на електрични возила, дури и ако повеќето од автомобилите на BYD се продаваат во Кина, пишува Ројтерс.











