Кинескиот државен фонд сака удел во Daimler

48

DaimlerКинескиот државен фонд China Investment Corp е заинтересиран за преземање меѓу 4% и 10% удели во Daimler, јавува Блумберг.

Уделот во тој интервал е со вредност меѓу 1,8 и 4,5 милијарди евра. Кинескиот фонд не ги коментира овие информации, додека Daimler ги нарекува шпекулации.

Daimler е третиот најголем произведувач на луксузни автомобили на светот, а поради проблемите на европскиот пазар има големи апетити во Кина. Токму затоа во оваа земја започна со реорганизација на продажната мрежа.