
Кинескиот извоз се зголеми за 12,4 отсто во март во однос на истиот месец минатата година, бидејќи компаниите брзаа да испраќаат стоки пред да стапат на сила новите американски царини.
Како што јави новинската агенција Асошиетед прес (АП), овој скок се случи поради најавените мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, кој дополнително ги зголеми тарифите за кинескиот извоз, сега достигнувајќи и до 145 отсто за повеќето производи, а како одговор, Кина воведе царини од 125 отсто за американските стоки, додека го контролира извозот на стратешки суровини, вклучително и оние клучни за производство на електрични возила.
Истовремено, увозот падна за 4,3 отсто, што доведе до трговски суфицит од 102,6 милијарди долари, соопшти кинеската царинска управа.











