Кинескиот извоз во август ги надмина очекувањата на економистите

85

Кина забележа неочекувано висок раст на извозот во август благодарение на солидната глобална побарувачка, која делумно ги намали притисоците врз втората по големина светска економија, која се бори со предизвици на повеќе фронтови.

Кинескиот извоз порасна за 25,6 проценти на годишно ниво минатиот месец, значително надминувајќи ги прогнозите, додека во однос на јули порасна за 19,3 проценти, што укажува на отпорноста на индустрискиот сектор во земјата, пренесе Ројтерс.

Аналитичарите анкетирани од британската агенција прогнозираа раст на извозот на 17,1 проценти.

Во исто време, кинескиот увоз се зголеми за 33,1 проценти на годишно ниво во август, поттикнат од високите цени на меѓународните пазари на суровини, а исто така ги надмина проценките на економистите кои очекуваа зголемување од 26,8 проценти.

Суфицитот за надворешно -трговска размена изнесува 58,34 милијарди долари во извештајниот месец и е поголем отколку во јули, кога вишокот во трговската размена со светот изнесуваше 56,58 милијарди долари.

Според пресметките на Ројтерс, врз основа на официјалните податоци за царината, трговскиот суфицит на Кина со САД достигна 37,68 милијарди долари во август од 35,4 милијарди долари во јули.