Во северната кинеска провинција Шанси е завршен демонстративен тест на нов ултра брз маглев воз, што е уште еден чекор кон воз кој може да се движи со брзина до 1.000 километри на час.
Проектот е заеднички развиен од China Aerospace Science and Industry Corporation Limited и Shanxi, јавува China International Radio.
Тестот е извршен во цевковод долг два километри со средина со низок вакуум, а резултатите покажале дека возот постигнал контролирана навигација, стабилност, како и безбедно запирање.
Изградбата на ултра брзиот воз маглев започна во округот Јангао во април 2022 година, а проектот ја интегрира авијациската технологија со технологијата за железнички транспорт, со цел да достигне брзина на возот од 1.000 км/ч.
Во иднина, системот би можел да овозможи патување од Пекинг до Шангај за околу час и половина, според Кинеското меѓународно радио, пренесува Танјуг.