
Кинескиот производител на електрични автомобили „BYD“ ќе ја гради својата прва европска фабрика во унгарскиот град Сегед, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
Овој проект е „една од најзначајните инвестиции во историјата на унгарската економија, која отвора илјадници работни места“, рече Сијарто, пренесува агенцијата МТИ. Сијарто додаде дека „BYD“ ќе биде шестиот производител на автомобили во Унгарија.
Тој изјави и дека унгарската влада финансиски ќе ја поддржи изградбата на фабриката, но и дека точната сума нема да се соопшти пред Европската комисија да се согласи со проектот, пренесува Танјуг.











