Кинеските електрични автомобили значително поевтини од европските

96

Во моментов, кинеските производители на електрични автомобили имаат голема предност пред европските и американските, според фирмата за анализа на пазарот „ЈАТО“.

Засега, ова е голем проблем за европските брендови кои се присутни на кинескиот пазар, но заостанувањето може да се покаже како крајно проблематично на европскиот пазар.

Моделите на Porsche или Mercedes имаат своја публика и секогаш ќе ја имаат, но во сегментот на возила за масовна публика, Кинезите имаат предност – нивните електрични автомобили паднаа толку многу во цената што кинеската влада ги намали субвенциите за нивно купување.

Дури и електричниот SUV на Volkswagen ID.4 се соочи со сериозни проблеми во Кина, каде што неговите продажни бројки не се идеални.

Просечната цена на електричен автомобил во Европа се зголеми за речиси 10.000 евра од 2011 година на околу 42.600 евра – зголемување од 28 проценти.

Во Соединетите држави, цената дури се зголеми за 38 проценти, на 42.700 долари (36.200 евра) во последните десет години.

Од друга страна, цените во Кина речиси се преполовија, од 41.800 евра во 2011 година на 22.100 евра денес.

Бидејќи, додека Кинезите се фокусираа на евтини автомобили во изминатата деценија, европските и американските производители инвестираа во подобри и поскапи, високотехнолошки електрични возила.

Во Кина, можете да купите електричен автомобил за само 3.700 евра, додека во Европа, цените започнуваат од само 15.740 евра. Во САД, најевтиниот електричен модел чини 24.800 евра.

Затоа постои зголемен страв од кинески автомобили кои би можеле да заземат значителен удел на пазарот во Европа и да ги нападнат европските конкуренти. Кинеските MG и Aiways во моментов се достапни во Европа, но допрва треба да се очекува инвазија од кинески производители како што се Wey, Ora или Nio.