Кинеските гиганти стравуваат од колапс: Пекинг испраќа повеќе од 10.000 здравствени работници во Шангај

92

Во обид да се спречи брзото ширење на епидемијата на Ковид-19 во Шангај,  Кинеската влада испрати повеќе од 10.000 здравствени работници од целата земја во градот, вклучително и 2.000 воени медицински работници.

Раководството на Шангај денеска соопшти дека спроведува масовно тестирање на сите 25 милиони жители, и процес т.н. на двофазното заклучување влезе во втората недела, пренесува АП.

Иако многу фабрики и финансиски компании успеаја да продолжат да работат со изолација на своите вработени, расте загриженоста за потенцијалното економско влијание на продолженото затворање на кинескиот финансиски капитал и големиот транспортен и производствен центар.

Високо заразниот вид на коронавирус омикрон ја тестира способноста на Кина да го задржи својот пристап на нулта толеранција кон коронавирусот, кој има за цел да го спречи ширењето на епидемијата со изолирање на сите оние кои се позитивни на тестот, без разлика дали имаат симптоми или не.

Шангај ги претвори своите саеми и други објекти во масивни центри за изолација во кои се сместени луѓе со или без благи симптоми.

Во изминатите 24 часа, Кина пријави повеќе од 13.000 нови случаи на Ковид-19 низ целата земја, од кои скоро 12.000 се асимптоматски.

Од тој број приближно три четвртини т.е. во Шангај се регистрирани околу 9.000 случаи.

Во Шангај се заглавени брокери.

Повеќе од 20.000 банкари и брокери во Шангај овие денови живеат во нивните канцеларии за да обезбедат непречено работење во услови на тешка градска блокада предизвикана од пандемијата, објави Ројтерс.

Фото: Facebook