Kinetic Reflex – уред што ги предупредува работниците во случај на можна повреда

45

Kinetic Reflex е уред што може да се носи на појас и е дизајниран да ги предупреди физичките работници доколку некој одреден потег им е потенцијално небезбеден, пишува New Atlas.

Освен на појас, уредот може да се носи и на рака и истиот вибрира или покажува знак за предупредување на екранот доколку работникот прави нешто со висок ризик. Kinetic Reflex е отпорен на вода и удари и може да издржи 15 часа со едно полнење на батеријата.

Reflex првично беше претставен лани и според податоците за изминатите 12 месеци, ги намалил ризичните потези на работниците за 84%, мускулно – коскените повреди за 40%, а болките во грбот за 56%. Месецов уредот доби грант од 4,5 милиони долари што ќе услови за зголемено производство и достапност.

Фото: Kinetic