Кинези ја купуваат турската Tekstilbank за 316 милиони долари

21

tekstilbankИндустриската и комерцијата банка Bank of China Ltd (ICBC) купува 75,5% од акциите во турската Tekstilbank за 316 милиони долари, која како најголем кредитор се обидува да има поголем бенефит од зголемената трговска размена меѓу двете земји, пишува турскиот весник Хуријет.

Кина е третиот по големина трговски партнер на Турција, а билатералната трговска размена меѓу двете земји е 28 милијарди долари. Според ICBC, овој договор ќе им ги овозможи сите потребни услуги на клиентите од двете земји, со цел ефикасни и навремени трговски трансакции меѓу кинески и турски компании.

Ова преземање за ICBC ќе значи можност за истражување на новите бизнис потенцијали во Турција.