Новата повеќенаменска комерцијална градба, дизајнирана од кинеската компанија Aedas, изгледа како слоевита планина, а инспирацијата креаторите ја добиле токму од прекрасните планини што го обиколуваат градот Чонгкинг, пишува World Architecture News.
Во исто време како инспирација им послужила и кинеската поговорка Знаењето носи богатство, па затоа акцент е ставен на голема библиотека, како и слоевити тераси што потсетуваат на купчиња книги. Комплексот е наречен Mountain City, а според плановите, целиот проект ќе содржи плоштад на културата, места за малопродажба, апартмани, канцеларии и бутик хотел.
Внатре зградата ќе има огромна библиотека. Кулата ќе биде поврзана со постоечката урбана структура во областа со три тематски плоштади и зелени тераси што ќе доминираат на долните нивоа. Подиумот се очекува да прерасне во културолошки хаб, додека плоштадот на покривот ќе биде мирно место за релаксација.