Кинези клонираа полициско куче

20

Тим од Земјоделскиот универзитет во Јунан и Sinogene Biotechnology Co Ltd од Пекинг успешно го клонираа првото полициски куче кое за кратко време ќе го има и својот прв тренинг. Станува збор за двомесечно кученце од расата волчјак, коешто е клон на седумгодишна женка, пишува China Daily.

Целта на овој проект, одобрен од Министерство за јавна безбедност на Кина, е да се добијат добро тренирани полициски кучиња, заштедувајќи пари и време. Обично за едно куче да стане “дел од полицијата“ потребен е тренинг од четири до пет години, а процесот чини околу 75.000 долари.

За потребите на клонирањето се користеле соматски, односно клетки од кожата на женката волчјак. Кученцето се родило тешко 540 грама а долго 23 сантиметри, а како што тврди тимот, уште од рана возраст јавило “добри детективски способности“.

Се очекува клонираното куче да започне со “работа“ по 10-месечен тренинг.

Фото: Pixabay