Кинези купија дел од Aston Martin

23

Кинескиот гигант од автомобилската индустрија Geely купи 7,6 отсто од акциите на британскиот производител на луксузни автомобили Aston Martin.

Geely купи 7,6 отсто од обичните акции на Aston Martin, се вели во соопштението во кое не е прецизирана вредноста на трансакцијата, објави Bloomberg.

Aston Martin, исто така, соопшти дека завршил со собирање на капитал од 654 милиони фунти за правилно да го раздолжува својот биланс.