Кинескиот произведувач на автомобили Dongfeng планира да вложи 1,2 милијарди евра во француската компанија PSA Peugeot Citroen, со што би стекнал 30% сопственост од капиталот, пишува Financial Times.
Вториот по големина производител на автомобили во Европа презема тешки мерки за реструктурирање, со цел да ги санира оперативните загуби, па затоа му е потребна помош од Dongfeng и партнерот General Motors, кој учествува со 7% во сопственичката структура на PSA.
Од PSA за FT потврдиле дека се во преговори со потенцијални странски партнери кои би можеле да инвестираат свеж капитал.