
Европската комисија неодамна отвори истрага за субвенциите на кинеската влада за електрични возила, поради загриженоста за наводната нелојална конкуренција. Еден кинески бренд реши да одговори на свој начин.
Тоа е Great Wall, брендот кој всушност го испрати првиот одговор до Европската унија, а чиј претседател Му Фенг рече дека тие „бараат фер и отворен пазар, бидејќи имаат доверба да победат во глобалната конкуренција“.
Му додаде дека „Европа е еден од клучните стратешки пазари за Great Wall“, додавајќи дека компанијата има големи планови за овој регион. Инаку, неговиот бренд веќе почна да ја избира локацијата каде ќе отвори европска фабрика, предвидувајќи комплетен автомобилски бизнис во ЕУ, од производство до продажба.
„Great Wall размислува дали да ја лоцира својата прва европска фабрика во Германија, Унгарија или Чешка“, рече претседателот на европските операции на Great Wall. Нивните брендови Ora и Wey се продаваат на одредени европски пазари, вклучувајќи ја и Германија, објави порталот Klix.
Фото: facebook











