Кинезите сакаат да купат фабрики на Бош во Русија: Се натпреваруваат со инвеститор од Турција, а позната е и цената

Кинескиот производител на електротехника Hisense е заинтересиран за купување на фабриките за апарати за домаќинство Bosch во Русија.

Според извори на руски Комерсант, за купување се заинтересирани кинески инвеститори, меѓу кои и кинеските производители на електротехника Мидеа и Хисенсе.

Еден од изворите наведува дека Hisense веќе се договорил за преземање, но Bosch известува дека преговорите сè уште не се завршени. Во игра бил и непознат инвеститор од Турција,  пренесува Телеграф.рс.

Експертите проценуваат дека цената на оваа трансакција би можела да биде меѓу 41,3 и 47,8 милиони евра.