
Грчкото пристаниште Пиреја отвори нов терминал за автомобили што треба да го зголеми трговскиот капацитет, со поддршка на мнозинскиот сопственик, кинескиот логистички гигант Коско.
Пристаништето го прошири терминалот за речиси 40.000 метри квадратни, на 100.000 метри квадратни, како дел од обврските од договорот за концесија.
Грција беше принудена да ја приватизира транспортната инфраструктура со цел да обезбеди спасувачки пакети од Европската централна банка (ЕЦБ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската комисија во време на нејзината должничка криза. Во 2016 година, тие продадоа две третини од акциите во пристаништето Пиреја на кинеската Коско.
Грчката филијала на кинескиот логистички гигант Coscо инвестираше 20 милиони евра во проширување на терминалот, обезбедувајќи простор за уште 5.100 автомобили.
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави во 2019 година дека Пиреја е „важен центар за брзата копнено-морска врска на Кина со Европа“.
На церемонијата на отворање на проширениот терминал присуствуваа грчкиот министер за поморски работи и островска политика Христос Стилијанидес, министерот за национална економија и финансии Костис Шацидакис, кинескиот амбасадор во Грција Ксијао Јунџенг и претседателот на Капетанијата на пристаништа Зенг Ганг.
Во 2022 година, Пиреја го делеше деветтото место со германскиот Бремерхавен во рангирањето на најпрометните пристаништа во ЕУ со претоварени 42 милиони тони товар, според податоците на Евростат.
Фото: Facebook











