Кипар и Египет потпишаа договор за соработка во извозот на гас во Европа

Во понеделникот Кипар и Египет, заедно со енергетскиот конзорциум составен од италијанските и француските енергетски гиганти Eni и TotalEnergie, потпишаа договор за соработка.
Договорот предвидува извоз на гас извлечен од морските полиња на медитеранскиот остров и преработен во северноафриканската земја во Европа, објавија кипарските власти.

Како што јави француската новинска агенција АФП, претставници на двете земји и конзорциумот го потпишаа договорот во Каиро во присуство на кипарскиот и египетскиот претседател Никос Анастасијадес и Абдел Фатах ал Сиси.

Според договорот, кипарскиот гас ќе се транспортира во Египет. Ќе се обработи во постојните египетски капацитети на Зор и ќе биде претоварен во египетски објект во пристанишниот град Дамиета. Потоа ќе се извезува на европскиот пазар како течен природен гас (LNG), објаснија од Ени.

Откако Русија ја нападна Украина пред три години, Европа бара алтернативни извори на руски природен гас, а Кипар, кој сака да стане важен енергетски играч во регионот, веќе некое време е активен во потрагата по наоѓалишта на природен гас.

Во последниве години на брегот на оваа медитеранска островска држава веќе се откриени неколку наоѓалишта на гас, а областите богати со гас веќе предизвикаа геополитички спорови во овој дел од Европа, особено со соседна Турција. Од 1974 година, островот Кипар е поделен на јужен дел на кипарските Грци и северен дел на кипарските Турци.