Кипар воведува поостри мерки

73

Кипарскиот министер за здравство Михалис Хаџипантелас најави построги мерки против коронавирусот во петокот откако бројот на нови дневни инфекции се зголеми за повеќе од 11 пати во последните неколку дена.

Според новите мерки, луѓето ќе мора да покажат потврда на влезот во рестораните и другите места за забава, како што се кафулињата, баровите и ноќните клубови, без разлика дали прележале Ковид -19, дали биле вакцинирани или се негативни на Ковид 19, пренесува Катимерини.

Хаџипантелас рече дека овој сертификат е потребен за посета на сите места, без разлика дали се на отворено или во затворено. Министерот додаде дека луѓето во угостителските објекти ќе мора да седат и дека на масата не смее да има повеќе од 10 лица, додека танцувањето ќе биде забрането, освен ако луѓето не биле целосно вакцинирани или се опоравиле од  Ковид – 19.

Фото: Pixabay