
Краткиот филм на Карл Лагерфелд Once Upon a Time, кој беше направен во чест на 100 годишнината на модната куќа Chanel ја доживеа својата премиера на 9 мај во Сингапур.
Во тринаесет минутниот филм улогата на познатата дизајнерка Коко Шанел ја игра холивудската актерка Кира Најтли. Во филмот се појавуваат и некои од најголемите ѕвезди во модната индустрија, рекреирајќи ги случувањата во времето кога била отворена првата продавница на Chanel во 1913, во францускиот град Deauville.
Once Upon a Time ја отсликува и врската на Коко Шенел со нејзиниот љубовник и финансиер на продавницата, Артур (Момчето) Капел.