Кире Лазаров стана заштитно лице на брендот Signori

65

05f89475-224d-4277-9463-b8a4b50df010

Најдобриот македонски ракометар и воедно најголемата македонска спортска ѕвезда кај нас и во Европа, Кире Лазаров, е ново заштитно лице на брендот Signori, првиот македонски бренд создаден за сите мажи кои посветуваат внимание на својот изглед. Капитенот на македонската ракометна репрезентација ќе биде претставник на најдобрите рачно изработени одела кај нас, достапни за сите џентелмени, кои сакаат да остават силен впечаток.

“Ни претставува особена чест и задоволство што нашите уникатни одела ќе ги носи најголемата спортска и ракометна ѕвезда кај нас, а и во светот. Соработката со Кире Лазаров е остварување на нашите цели, а тоа е да ги направиме македонските мажи амбасадори на стилот низ целиот свет”, изјавија Ненад Пантовиќ и Крис Поповски, сопствениците на Signori.

Според Кире Лазаров, задоволството е на двете страни.

“Драго ми е што ќе имам прилика да соработувам со еден успешен македонски бренд кој покажува огромни амбиции и квалитет уште од своето постоење. Нашата соработка со сигурност можам да кажам дека ќе биде многу квалитетна и професионална зошто сметам дека во секој маж се крие совршен џентлмен, а Signori е бренд по кој мажите со стил се препознаваат”, изјави Кире Лазаров.