Фото: Facebook
Чоколадата Kit Kat на светски познатиот бренд Nestle е прогласена за најдобра чоколада во светот, пренесува Independent. Според резултатите од интернет анкетата во која учествуваа повеќе од 100.000 луѓе по Kit Ket, следуваат Twix и Snickers на втората и третата позиција. Меѓу првите десет се најдоа и Toblerone и Milky Way.
Најголемо изненадување доаѓа од чоколадата Kinder Bueno што се најде на разочарувачкото 29-то место.
Во анкетата биле вклучени само чоколадите во облик на табла, додека оние во форма на јајце, топче, полутопче и други форми, не беа земени предвид.