Еден од најуспешните кондиторски брендови на швајцарски Nestle, KitKat, во Токио, Јапонија го отвори својот прв бутик за чоколадо.
Во продавницата ќе се нудат екслузивни видови од оваа чоколада. Во понудата има три посебни видови чоколади – префинето горка (Sublime Bitter), со зелен чај (Special Sakura Green Tea) и специјално издание на чили чоколади (Special Chilli).
KitKat чоколадите во Јапонија имаат поинаков вкус од оние што се продаваат на други места во светот. Љубителите на овие чоколади во Јапонија можат да бираат во мноштвото вкусови, како што се чоколатца со вкус на цимет, на европско сирење, васаби сос, виолетов компир, вино, бренди и портокал, рум и суво грозје…