Фото: Kickstarter
Kiwi 4 е уред што се поврзува со автомобилот, добива информации од него и безжично ги пренесува до телефон, таблет, паметен часовник или компјутер преку бесплатна апликација.
Тој е компатибилен со сите автомобили од 1996 година па наваму, со оперативните системи iOS, Android, Windows, Mac, and Linux, а има вградено и звучници. Ова е 4-та генерација на ваков производ на Kiwi, преку којашто корисникот добива известувања и предупредувања за можни проблеми со автомобилот, а може да се стави и SD картичка.
Kiwi 4 преку анализа на перформансите на автомобилот, како моќност, забрзување и слично, обезбедува информации за оптимален начин на возење со којшто корисникот би заштедил гориво, а со тоа и пари.
Производот е дело на старт-ап со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, а има и своја кампања на платформата Kickstarter. Преку кампањата досега се собрани 136.344 долари од потребните 25.000 долари.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во ноември годинава.