Ќе се случи ли најголемиот договор во нафтената индустрија? Две мегакомпании се спојуваат?!

Нафтените компании „Шел“ и „Бритиш петролеум“ би можеле да се спојат, според „Блумберг“, повикувајќи се на анонимни извори. Тоа би можело да биде една од најголемите зделки на сите времиња во нафтената и горивната индустрија. Податоците доаѓаат во време кога падот на цените на нафтата ја намали вредноста на акциите на БП за повеќе од 30 проценти во текот на изминатата година.

Нафтениот гигант ги намали своите инвестиции во обновлива енергија за да се обиде да ги зголеми профитот и цените на акциите. Но сега има извештаи дека договорот со Шел би можел да биде решението.

Преговорите сè уште се во рана фаза, според анонимни извори. „Шел“ има пазарна вредност од повеќе од 160 милијарди евра, додека „БП“ е проценета на повеќе од 64 милијарди евра.