Класичната обука на вработените повеќе не е “ин“

66

Традиционалните модели за учење на вработените стануваат минато. Сега обуките на работно место вклучуваат уреди за виртуелна реалност (VR). Како што наведуваат експертите, сите лекции кои треба да ги совладате вашиот мозок ќе ги впие за 10 минути.

Овој VR модел, како што истакнуваат, е нешто помеѓу магија и наука, но добро функционира во работењето на компаниите како Walmart, Fidelity Investments и Accenture.

Во Walmart, програмата трае две години и се заснова на искуството на видеата за виртуелна реалност од 360 степени за вработените да ја доживеат ситуацијата од различни перспективи. Tехнологијата им овозможува на вработените да ја доживеат реалноста преку користење на Oculus headset и на тој начин ќе се подготват за различни ситуации (гужви за празници, Црн петок…). VR слушалките сега се достапни во повеќе од 4.500 продавници и преку нив биле обучени над 800.000 вработени во Walmart.

VR технологијата е напреден систем преку којшто можете да ја “измерите“ повратната реакција на клиентот, соработникот, купувачот.

Фото: Pexels