Климатските промени се голема закана за производството на кафе на среден и долг рок, изјави Андреа Или, претседател на италијанскиот производител на кафе Illy, пишува CNBS.
“Кафето е едно од оние растенија што се погодени од климатските промени, поради зголемените температури во одредени региони, како и поради заканите од безбедноста на водата, сушите или поплавите во некои области“, изјави Или во рамки на престојот на светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Површините на кои што одлично успева кафето Арабика се очекува да се намалат за 50% до 2050 година, како последица од климатските промени.
Од друга страна, ќе расте побарувачката за кафе со што се очекува и зголемување на цената поради намалената понуда.