The Teatreneu Club во Барселона, местото каде што се одржуваат настапи на stand up комичари, одлучи да експериментира со начинот на наплата на услугите што ги нуди преку технолошки новитет.
На масите во тој клуб се поставени iPad уреди кои го снимаат лицето на гостите, како и колку пати се насмеале. Ова се прави преку посебен софтвер за препознавање лица, а на крајот се прикажува вкупниот број на насмевки и според тоа за секое лице издава посебна сметка.
Проектот е развиен со цел да се зголеми бројот на посети на клубовите од овој тип поради зголемување на цените на билетите во театрите, како дел од даночната политика на Шпанија. Софтверот за наплата по насмевка има и мобилна апликација која овозможува плаќање на влезниците преку мобилен телефон.
Цената на една насмевка во овој клуб е 0,30 евра, а максималната вкупна цена за еден посетител е 24 евра. Тоа значи доколку комичарот или актерот за време на една претстава го насмее лицето 80 пати, секоја следна шега ќе му биде бесплатна.