Проектите Робот – сложувач на рубикова коцка и Роботска рака што игра tic tac toe со човек, на членови на Клубот за талентирани средношколци од Академијата Микросам, добија две златни плакети на Макинова 2016.
“Академија Микросам повеќе години со ред настапува на Макинова и освојува награди. Со ова се докажуваат квалитетните обуки во Академија Микросам. Идејата за еден ваков тип на образование, што ги вклучува најатрактивните курсеви, е единствена и оригинална, барем на овие простори“, стои во соопштението.
Проектите ги изработија средношколците Давид Лазароски и Ѓорѓи Димески, под менторство на професорот Емил Тавичиоски.
Во рамки на компанијата Микросам АД во Прилеп, работи Академија Микросам, каде се вршат обуки за програмери, инженерски помошници во машинството и инженерски помошници во електроника, автоматика и роботика. Во летниот период, Академија Микросам работи и со средношколци во Клубот за талентирани средношколци. Сите овие обуки во Академијата се бесплатни, а единствен спонзор е компанијата Микросам АД. Преку овие обуки Микросам АД го поддржува развојот на младите таленти.
Микросам Академијата е само дел од целокупниот концепт на Микросам АД за промена на пристапот на работа, образование, размислување, како императив за постигнување на заедничката цел: Подигање на нивото на техничко – технолошки развој на Република.