Клуч на врата за 90.000 компании во Италија

99

Над пола милион компании во Италија се соочуваат со сериозни предизвици во работата, а околу 90.000 се трајно затворени поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, покажува истражувањето на здружението Confesercenti.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, многу италијански компании се соочуваат со сериозна криза, а најтешко се погодени оние од угостителството и туризмот. Сопствениците на барови и ресторани стравуваат од есенската сезона, бидејќи терасите нема да бидат во функција, а ќе се користи само внатрешниот простор што ќе биде лимитиран како заштита од ширење на заразата.

Владините мерки, како што се наведува, го ублажија ударот од пандемијата, но не биле доволни затоа што последиците од кризата се несогледливи.

Фото: Pexels