Клуч на врата за еден од симболите на Будва

84

hotel morgen

Хотел Морген, еден од симболите на Будва, Црна Гора, кој се наоѓа во срцето на градот, спроти ѕидовите на старото градско јадро, ќе биде затворен. Причина за тоа е што цела година нема одобрение за работа, се наведува во решението на Туристичката инспекција на Управата за инспекциски работи, која на компанијата што управува со хотелот, Меркур систем, и упатила допис со предлог сами да го затворат, пишува Вијести.

Доколку не го сторат тоа сами, инспекцијата ќе го спроведе решението со асистенција на полицијата.

Слично решение Туристичката инспекција донесе кон крајот на ноември минатата година, кога скоро стотина работници го блокираа хотелот и одбија да го напуштат, по што инспекцијата се откажа од намерата.