Клуч за успешно купување: 3-7-14 шопинг правило

103

Ако викендов планирате да одите на шопинг, ова правило за купување може да ви помогне. Дали ви се случува да купите работи што ги носите еднаш или ниеднаш? Ако сте уморни од залудно купување работи што само ја бришат прашината во плакарот и зафаќаат простор, сè попопуларното правило за купување 3-7-14 може да ви помогне.

Американската стилистка Џен Рогин развила метода која на едноставен начин ќе ви помогне да се осигурате од трупање на облеката што никогаш не ја носите, а истата се нарекува 3-7-14.

Правило 3

Ако сте навистина вљубени во новото парче кое штотуку сте го донеле дома, тоа ќе го облечете веднаш бидејќи ќе сакате да го покажете на сите. Доколку и после 3 дена купеното парче облека сè уште не сте го облекле, постои голема веројатност дека ќе остане така.

Правило 7

Поминале 7 дена, а вашиот нов фустан или маица сè уште стојат во ормарот со етикета? Време е внимателно да размислите колку бил паметен вашиот нов шопинг. Сега сте многу поблиску до фазата во која никогаш нема да го носите одреденото парче.

Правило 14

Доколку и по 14 дена сè уште не сте го облекле купеното парче, време е да го спакувате назад во ќесата и да вратите од таму каде што сте го купиле. Имате сè уште време да го замените парчето или да добиете поврат на парите и да се спасите од уште едно неуспешно купување.

Фото: Freepik