Клучни претприемачки вештини што нема да ги научите во училиште

16

knigi

Фото: Pixabay

За некои работи едноставно треба човек да е роден и да умее талентот да го претвори во добивка.

Како да создадете мрежа на познанства

Денес, за жал, не е толку важно што знаете, туку кого знаете. Вашиот успех во бизнисот во голема мера зависи од луѓето што ги познавате. Без умешност во градење на врски со луѓето, ќе мора да се потпрете само на семејството и неколку блиски пријатели. Токму затоа, што повеќе време и енергија вложите во градење на мрежа од познанства, толку побрзо ќе успеете како претприемач.

Како да водите тим

Разликата меѓу менаџерот и лидерот е голема. Лидерот е тој што останатите го следат, личноста што дава инспирација со своите дела. Луѓето сакаат таков човек, некој што ќе го поттикнува најдоброто во нив, ќе вложува во нив и ќе биде пример за човек каков што секој сака да биде.

Како да ја донесете вистинската одлука

Да ја имате целта постојано во мислите и да ја следите интуицијата нема да биде лесно. Одлуките честопати ќе создаваат главоболка, но штом ќе зачекорите на претприемачкиот пат, ваше ќе биде да ги измерите добрите и лошите страни и да пресечете со финалниот збор. Ќе биде тешко, но искуството ќе го направи своето.

Како да вработувате

Без вистинските работници успехот нема да се случи. Поставувајте прашања, тестирајте, запознајте го подобро кандидатот и не избрзувајте со одлуките, резимето не е секогаш мерило за ефикасноста.

Како да се справите со неуспех

Ако не умеете да ги прифатите ризиците од водење на бизнис, не започнувајте. Без резервен план и капитал не е паметно да се впуштате во претприемништвото. Кога бизнисот не оди добро, фокусот треба да се стави на причината, а не на тоа како ситуацијата влијае на вас.