Книга која открива како Илон Маск ги мотивира вработените

105
Долгогодишното претприемачко искуство и бројните сопки во бизнисот беа важни животни лекции за Илон Маск. Така, сега тој успешно може да го советува и мотивира својот тим.
Во својата нова книга Liftoff, Ерик Бергер го опишува најлошото од раните фази на ракетната компанија Маск, SpaceX.
Бeргер имаше целосен пристап до Маск и неговите вработени додека пишуваше книга за почетоците на компанијата. Маск започна со изградба на ракетата Фалкон 1. во 2002 година со мала група научници.Поминаа шест години пред тимот конечно да успее и беа потребни три неуспешни обиди. Сакајќи да продолжат да ја следат визијата на Маск, тие ги намалија платите на многу вработени и го зголемија работното време на 80 часа неделно. Лансирањето се случи на островот Омелек во јужниот Пацифик, така што некои мораа да работат во лоши услови и под силна сончева светлина.