Книга се трансформира во дрво откако ќе биде прочитана

17

tree-book-tree-germinating-in-book-store

Издавачката куќа Pequeno Editor од Аргентина креираше книга којашто откако ќе се прочита може да се насади во земја и да порасне како дрво, пишува порталот PSFK.

tree-book-tree-plant-968x637

Програмата Tree book tree program на издавачката куќа ја издаде книгата под името Mi Papá Estuvo en la Selva (Мојот татко беше во џунглата). Книгата е наменета за деца од осум до 12 години.

treebooktree-968x433

Книгата со слики е направена од чиста хартија, еколошки бои, а страниците се рачно зашиени. Специјалните семиња jacaranda внимателно се ставени во страниците, за подоцна да пораснат дрвја.