Книгата којашто го воодушевува Бил Гејтс

88

Сезоната на празници е совршено време да се фокусирате на благодарност и подарување, но изборот што да подарите може да биде многу стресен.

Сепак, ако одберете книга не може да згрешите, особено онаа којашто ја препорачува Бил Гејтс.

Коосновачот на Microsoft е познат по својата страст кон читање и споделување на наслови на неговите омилени книги, но за Тhe Rosie Project од Греам Симсион даде зелено светло.

Книгата му ја препорачала неговата сопруга Мелинда, која не престанала гласно да му рецитира делови од книгата.

“На крајот одлучив да погледнам. Почнав да ја читам една ноќ во 23:00 и останав со неа до 3:00 утрото“, вели тој.

Гејтс ја нарече еден од најдобрите романи што го прочитал и 50 негови пријатели ја добиле како подарок.

Фото: Pexels