Ко-основачот на Google ги продава сите акции во компаниите на Маск

250

Милијардерот со руско потекло и ко-основач на Google, Сергеј Брин, наредил продажба на неговите акции во компаниите на Елон Маск, откако медиумите објавија дека неговата сопруга имала афера со главниот извршен директор на „Tesla“, објави „Волстрит журнал“.

„Њујорк Бизнис Дејли“ не беше во можност да ја одреди вредноста на сопственичкиот удел на Брин во компаниите на Маск, ниту дали веќе имало некакви продажби.

Наводната афера меѓу Маск и сопругата на Брин стави крај на долгогодишното пријателство меѓу двајцата бизнисмени, додава изданието, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.

Според „Волстрит журнал“, Брин финансиски му помагал на Маск од 2008 година, кога „Tesla“ беше во неволја за време на финансиската криза, а во 2015 година, Маск му подарил на Брин еден од првите целосно електрични теренци на „Tesla“.

Маск, најбогатиот човек на планетата, негираше дека имал афера со сопругата на Брин, Никол Шанахан, отфрлајќи ги медиумските извештаи како „тотална глупост“ и тврдејќи на Твитер дека немал секс со „векови“.

Врската наводно се случила минатиот декември, а Брин поднел барање за развод во јануари, објави „Волстрит журнал“.

Нетото богатство на Маск се проценува на 240 милијарди долари, додека Сергеј Брин е на осмото место со 95 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг“.