
Гилермо Сонлајн, директор на OceanGate, изјави за Sky news дека одборот на директори на компанијата ќе „разгледа“ дали компанијата може да го преживее инцидентот и дека непосреден приоритет е „утешувањето на семејствата и членовите на екипажот“.
– Луѓето поминаа четири дена во надеж дека ќе ги најдат членовите на семејството и пријателите и ќе ги спасат, ова е тешко време за нив. Сигурен сум дека ќе ги поминат следните неколку денови, недели и месеци обидувајќи се да го надминат ова“, вели тој.
Запрашан дали компанијата е одговорна за небрежност, Сонлајн рече дека не е „квалификуван да одговара“ откако ја напуштил фирмата пред 10 години.
– Она што го знам е дека секој што отишол на некоја од нашите експедиции ни се придружил како полноправен член на тимот, се пријавил како специјалист за мисијата – вели тој.
Тие беа обучени, учествуваа во нуркачки операции на површината и имаа активна улога како учесници во нуркањето.
Тој рече дека никогаш не нурнал до Титаник, но дека идејата била сите во подморницата да бидат „активни членови на екипажот кои исполнуваат научна и истражувачка експедиција“.
Фото: Facebook











