Коби Брајант освен успешен спортист, беше и успешен инвеститор

38

Коби Брајант, кој почина на 26 јануари, во хеликоптерска несреќа, на 41 година, беше познат кошаркар и бизнисмен кој позади себе остави големо наследство, пишува CNN.

Брајант ја создаде фирмата за вложување капитал Брајант Стибел во 2013 година со основачот на Web.com, Џеф Стибел.

Фирмата располага со над две милијарди американски долари и досега има инвестирано во десетици компании, вклучувајќи ги Dell, Alibaba, Fortnite Epic Games, компанијата за плаќање Clair и во The ​​Honest Company. Освен преку оваа негова компанија, Коби заработи милиони долари преку инвестиција во спортскиот напиток Body Armor, којшто во 2018-та година продаде акции на Coca – Cola.

Олимпискиот пливач Мајкл Фелпс изјави дека Брајант е пример и вистинска инспирација за втора фаза на животот по атлетската кариера и штета што веќе не е меѓу живите.

“Мислам дека некој како што беше Коби претставуваше вистински пример за спортистите. Имавме привилегија и можност, тој во кошарката, јас во пливањето да бидеме успешни и да го достигнеме врвот и знаеме што е потребно за да се дојде до тоа највисоко ниво. Откако заврши со кариерата ни покажа како треба да се продолжи со својот живот и со вложувањата надвор од спортот. Немам зборови за несреќата што се случи. Голема штета“, изјави Фелпс за покојниот Коби.

Основачите на марката за нега на кожа Art Sport, во изјава пред смртта на Брајант, потенцираа дека кога Коби става нешто, негов жиг или потпис, тоа сигурно го зазема врвот.

“Кога Коби става свој жиг за одобрување на нешто и влегува како партнер, сите што се во спектарот на спортската индустрија го забележуваат тоа и тој производ одеднаш се лансира на врвот“, изјавија Брајан Ли и Матијас Метерних, основачи на марката за нега на кожа Art Sport.

Фото: Facebook