Кое овошје придонесува за подуен стомак?

353

krusi

Фото: Pixabay

Овошјето е здраво, полно со витамини и одлична замена за нездравите грицки и слатки. Сепак, преголема количина и од оваа здрава намирница има свои несакани ефекти.

Еве кое овошје треба да го конзумирате во помали количини ако сакате да го избегнете непријатниот и подуен стомак.

Јаболко

Јаболката се одлична намирница за убивање на гладот, но тие најмногу придонесуваат и за подуеност на стомакот. Тоа се должи на големата количини на фруктоза што многу луѓе потешко ја варат. Затоа изедете само половина јаболко, а за остатокот почекајте барем еден час.

Круша

Ова вкусно овошје содржи пектин кој што помага за намалување на холестеролот и дава чувство на ситост. Но, тие содржат и мала количина на сорбитол, шеќерен алкохол кој што може да предизвика проблеми со варењето кај луѓе чувствителни на него.

Цреши, цитрон и ананас

Овие овошја содржат многу овошен шеќер што потешко се вари, слично како јаболките. Ферментацијата започнува во цревата, а може да предизвика гасови и грчеви во стомакот.

Сушено овошје

Суво грозје, рибизли и сливи се супер намирници за грцкање и помагаат за празнењето. Но, поради влакната и големата содржина на шеќер стомакот може многу да се подуе. За да не дојде до тоа, во комбинација со ова овошје конзумирајте и многу вода.