Кога е најдобро време да го продадете вашиот автомобил?

170

Неколку фактори влијаат на тоа дали добивате пари за вашиот автомобил колку што очекувате. Еве што велат експертите.

При продажба на половно возило, еден од најважните податоци за потенцијалниот купувач е километражата.

Генерално, се верува дека автомобилите почнуваат да се расипуваат на околу 200.000 километри, што би значело дека се стари приближно 10 години, пренесува N1 Словенија.

Како што велат од Словенечкиот автомобилски сојуз, најдобро е да се продаде   пред поголеми сервиси или некои предвидени големи трошоци за поправка.

Ако сакате да добиете добри пари за вашиот автомобил, најдобро е да почнете да размислувате да го продадете некаде околу 120.000 километри, вели Петер Кавчиќ од словенечкиот АМЗС.

Сепак, тој додава дека ако редовно го одржувате вашето возило, километражата не е толку важна – тоа, секако, значи дека го одржувате како што ви пропишал производителот.

Покрај километражата, на тоа колку пари би можеле да добиете за вашиот автомобил може да влијае и годишното време – најдобро е да го продадете во март, април и мај. Од друга страна, не толку поволни месеци се јули, август и декември.