Кога е (не)потребно да се реагира?

25

color-3207345_960_720Понекогаш е тешко да се даде вистинскиот одговор во вистинско време. Емоциите можат да надвладеат и да го попречат разумот да ја донесе правилната одлука.

Она што секој прво треба да направи е да ја согледа ситуацијата, односно контекстот, а следниве примери ќе ви дадат правилни насоки кога и како да реагирате.

Логика и емоции

Најдобрите одлуки се поткрепени од фактите и се комбинирани со емоциите. Целта не е да се игнорираат емоциите, туку да се усогласат со мислите и фактите. Само така може да се изреагира како што треба и да се добие позитивен исход.

Запрашајте се дали реагирате

Клучното прашање е: Дали да реагирам?, а одговорот ќе ви помогне да сфатите дали и како треба тоа да го направите. Навратете се на вашите реакции во минатото – дали истите биле издржани и правилни и што произлегло од нив.

Препознајте ги  изборите

Често луѓето реагираат бурно кога не знаат дали имаат или кога мислат дека немаат друга опција. Многу е важно да се сфати дека секогаш има избор, но треба и да се разгледаат и последиците што ги носи тој избор пред да се донесе конечната одлука. Најважно е да не реагирате избрзано, туку разумно.

Креирајте визија за иднината

Она што треба да направите во моментот е мисловно да се преселите во иднината и да се вратите назад со добиената визија и потоа да го одредите вашиот најдобар одговор на моменталната ситуација.